Пожар на свињарска фарма во Сомбор.
Медиумите јавуваат дека дошло до трагедија на фармата во Сомбор, каде во пожар угинале околу 300 свињи. Инцидентот се случил околу 19:40 часот на фарма на домашни животни со површина од околу 900 метри квадратни.
Противпожарните екипи брзо реагирале, а пожарот бил изгаснат. Според првичните информации, пожарот настанал поради греалка.
Поради таа несреќа се создал густ чад и несреќните животни се задушиле.
