Македонија

Пожар во средно училиште во Тетово, неколку вработени вдишале чад!

Пожар во средно училиште во Тетово, неколку вработени вдишале чад!

На 2 јуни 2026 година во СВР Тетово е пријавено дека околу 09:50 часот во Државното средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово избувнал пожар на една кабина во машкиот тоалет.

Пожарот бил навремено изгаснат од вработените во училиштето со противпожарни апарати и хидранти, со што е спречено негово проширување.

При интервенцијата, поради вдишување на чад, неколку вработени се здобиле со потешкотии, поради што Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. биле пренесени во Клиничкиот центар во Тетово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово во соработка со Јавното обвинителство, со цел утврдување на причините за избувнување на пожарот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни