Брза интервенција на пожарникарите спречи поголема штета при пожар што избувнал во стан во центарот на Куманово. Инцидентот се случил на улицата „Димитрије Туцовиќ“, каде огнот бил навреме ставен под контрола.
Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека Територијалната противпожарна единица интервенирала околу 10:55 часот со една екипа и едно противпожарно возило. Пожарот бил целосно локализиран во 12:45 часот.
Во инцидентот нема повредени лица, но на местото интервенирала и екипа на Итна медицинска помош поради стрес кај повозрасно лице. По укажаната помош, лицето било пуштено на домашно лекување.
Надлежните служби апелираат на внимателност, особено во затворени простории, со цел да се избегнат вакви ситуации.
