РЦУК Кавадарци, известува од ТППЕ Кавадарци, МВР ОВР Кавадарци, ЈП „Градски Превоз“ – Кавадарци и од Градоначалник на Општина Кавадарци дека пожарот на старечки дом с.Чемерско (Опш.Кавадарци) интервенираат ТППЕ Кавадарци со 12 пожарникари и 3 ПП возила и едно возило за прва помош, МВР ОВР Кавадарци 7 полицајци, 2 возила на Итна медицинска помош, и два минибуси на ЈП „Градски Превоз“ Кавадарци за транспорт на лицата.
Според првите информации прво се запалил оџакот, а од него кровот на домот. Во истиот Дом биле сместени 30 постари луѓе од кои 5 биле неподвижни. Но, сите се живи и безбедно извлечени од објектот што бил зафатен од пожарот и ке бидат евакуирани во општата болница во Кавадарци. Во моментот кога е известен ЦУК, имало потреба од дополнителни возила од ИМП Велес за транспорт на лицата коишто неподвижни во лежечка положба, па се координираше со ИМП Велес преку РЦУК Велес, да бидат упатени кон с.Чемерско за да помогнат во транспортот.
Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе оствари комуникација со Итна медицинска помош Неготино за да испратат едно возило на испомош.
Се планира лицата да бидат транспортирани во Општа Болница Кавадарци.