Во два одделни пожари во Прилеп и во Битола, за среќа, причинета е само материјална штета. Во Битола изгорел објект, додека во Прилеп опожарена била дневна соба од куќа.
„На 19.01.2019 година во 16.05 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар на булевар „1-ви Мај“ во Битола во објект-пилана, сопственост на приватна фирма. Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола.
На 20.01.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во Прилеп на улица „Димче Антулески“ во куќа сопственост на С.М.(77). Од екипи од Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат. Од пожарот целосно била опожарена дневната соба и уште една помошна просторија со мебелот. Повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола.“, велат од МВР.