Македонија

Позната возраста на двајцата Македонци по кои се трага на Халкидики (ФОТО+ВИДЕО)

Позната возраста на двајцата Македонци по кои се трага на Халкидики (ФОТО+ВИДЕО)

Од Крајбрежната служба на Грција за дописничката на МИА од Атина потврдуваат дека спасениот е од Северна Македонија, станува збор за 25-годишно момче и е во добра здравствена состојба, додека пак спасувачката акција што е во тек за пронаоѓање на двајцата исчезнати, чиј идентитет и националност не се познати, е во услови со силен ветер од пет до шест бофор.

Во спасувачка акција на плажата Мити во Посиди според локалните медиуми учествуваат брод на крајбрежната служба, еден рибарски чамец и хеликоптер на военото воздухопловство.

Двајцата исчезнати се на возраст од 29 и 30 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни