Познатата актерка Кристина Еплгејт има мултиплекс склероза

Познатата американска актерка Кристина Еплгејт има мултиплекс склероза.

Оваа вест 49-годишната актерка ја сподели на интернет.

„Здраво, пријатели. Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана МС (мултиплекс склероза). Ова е чудно патување. Но, јас имам голема поддршка од луѓе што ги знам, а кои исто така ја имаат оваа состојба. Ова е тежок пат. Но, како што сите знаеме, патот продолжува. Освен ако некој будала не го блокира”, напиша Еплгејт на Твитер.

Таа побара почитување на нејзината приватност и им се заблагодари на обожавателите и следбениците.

Според експертите, постојат четири типа на мултиплекс склероза, а не постои познат лек, така што управувањето е тековен процес за подобрување по напад и спречување нови напади.

Еплегејт не кажа засега од кој тип боледува, а претходно таа се лекуваше и од рак на дојки во 2008 година, кога имаше двојна мастектомија.