Познатиот Канје Вест преку песна ја моли Ким да му се врати?

Познатиот Канје Вест неодамна на хуманитарен концерт преку стихови ја повика својата поранешна партнерка Ким Кардашијан да му се врати.

Имено, Канје ги променил стиховите од песната „Runaway“, па испеал „Сакам да побегнеш назад кај мене, баш ти, Кимберли“.

Поради ваквиот потег на Канје, хаштагот Кимберли е меѓу најпопуларните на Твитер.

Дел од обожавателите се воодушевени од ваквиот потег, додека пак дел сметаат дека таа не треба да се смири со него.

Само неколку часа по концертот Ким наводно предала барање за легално разделување, односно тоа значи дека таа и понатаму би била во брак со него, но законски би живееле одвоено.

Доколку судот го одобри, старателството и заедничкиот имот би биле одвоени од нивниот брачен статус.

Канје и претходно јавно и прати порака на Ким, на Инстаграм објави фотографија од нивен бакнеж и напиша „Морам да се вратам дома“.