Балкан

ПРАТЕНИЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКАНДАЛ, ЗАВРШИ НА СТРАНА ЗА ВОЗРАСНИ! Атрактивната русокоса бесна: „Одам во полиција во моментов“

ПРАТЕНИЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКАНДАЛ, ЗАВРШИ НА СТРАНА ЗА ВОЗРАСНИ! Атрактивната русокоса бесна: „Одам во полиција во моментов“

Пратеничката во хрватскиот парламент, Марина Опачак Билиќ, ја доживеала непријатноста да биде профилирана на порнографски сајт, но и на Инстаграм.

Најмладата пратеничка во хрватскиот парламент, Марина Опачак Билиќ утрово дознала дека некој и направил порно профили и апелира сите да внимаваат на социјалните мрежи.

„Згрозена сум од она што го прават луѓето. Не знам колку сериозните социјални мрежи како Инстаграм можат да го дозволат тоа, некој да креира профил во твое име“, рече таа.

Пратеничката доаѓа од Славонски Брод, а бидејќи е и мајка на три малолетни деца, тоа уште повеќе ја вознемири.

Таа решила да го пријави случајот во полиција, а како што вели потребна е поголема контрола на профилите на социјалните мрежи.

„Ова е за злоупотреба на фотографии и имиња“, рече таа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни