Според пратеникот Ѓорчев капиталните инвестиции се на најниско ниво, долговите на државата се зголемуваат, а стандардот на граѓаните опаѓа. Премиерот Заев, пак истакна дека за капитални инвестиции се предвидени 390 милиони во најголем дел за гасификацијата, железницата и автопатишта за крупни инфраструктурни проекти.
Пратениците ја прашуваат извршната власт за економската и политичката состојба во државата, по пауза од неколку месеци поради граѓанското изјаснување. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поставија прашања за екомијата во земјава, која според нив е во лоша состојба.
Според пратеникот Ѓорчев капиталните инвестиции се на најниско ниво, долговите на државата се зголемуваат, а стандардот на граѓаните опаѓа. Премиерот Заев, пак истакна дека за капитални инвестиции се предвидени 390 милиони во најголем дел за гасификацијата, железницата и автопатишта за крупни инфраструктурни проекти.
Тој очекува во наредниов период да се зголеми растот капиталните инвестиции особено во делот на регионалните и магистралните патишта.
Заев најави дека ќе продолжни и изградбата на заучилишта, спортски сали, градинки, а пречка за послаба реализација на капиталните инвестиции се имотно правни односи и проектната документација.
