Пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски ноќеска бил примен на Инфективната клиника со симтпоми на Ковид-19.
Претседателот Талат Џафери итно се јавил кај Жарко Караџовски, претседателот на Комисијата за заразни болести, за да се утврди што ќе се прави понатаму, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК.
Неизвесно е дали Собранието ќе работи со физичко присуство на пратениците. Се ќе зависи од епидемиолошката анкета која почнува да се прави веднаш.
Јахоски вчера не бил присутен во Собранието, а по анкетирањето, ќе се утврди дали поединци или сите пратеници ќе одат во изолација.
Пратеничката група на СДСМ, двапати побара пратениците да работат на далечина, односно без физичко присуство, на што ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваше.
Претходно со симптоми на Ковид-19 беше пратеникот Арбан Зибери, кој за формирањето на Владата гласаше од посебна просторија.
.
