Празникот Голема Богородица 28 август – неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица 28 август (недела), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.