Управителот на kомпанијата БАУЕР БГ ДОО Скопје која ја правела фасадата на Владата во рамки на проектот „Скопје 2014“ попладнево заврши во притвор.
Проверката на 4NEWS.mk покажува дека на почетокот на годинава, истата компанија добила еден мега голем проект „Изградба на нова зграда“ за потребите на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Проектот е вреден 8,377,28 евра, а договорот склучен на 10.03.202 година.
Според базата на „Призма“ (БИРН), фасадата на Владата чинела 17,6 милиони евра
Обвинителката Вилма Русковска во гостување на „360 степени“ уште на 18-ти март (8 дена по добивање на новиот тендер, откри дека се подготвува истрага.
