Пред пратениците итна постапка за законски измени! Возачките дозволи да бидат со краен рок до крај на годината

Денеска Собранието по итна постапка треба да ги донесе законските измени со кои крајниот рок за замена на возачките дозволи со ознака „Република Македонија“ ќе биде до крајот на годината односно 31 декември 2024.

Овие законски измени се на предлог на Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Аднан Незири, Димитар Апасиев и Павле Трајанов, а беа поддржани од сите пратеници присутни во салата.

Претседателот на Собранието Јован Митрески ја закажа седницата за 16.20 часот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното