Македонија

Предложен притвор за 33-годишен дилер на марихуана од Дебар

Јавен обвинител до судија на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за 33-годишен жител од Дебар ​осомничен за кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– Лицето е осомничено дека неовластено им продал наркотична дрога – марихуана на две лица за кои претходно беше отворена истрага на 24 јуни. ​Осомничениот 33-годишник од Дебар дрогата им ја продал на автопатот Тетово – Гостивар за цена од 8.000 денари, соопшти државното Јавно обвинителство. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни