Неколку дена се зборува за името на можниот нов претседател на Македонија. Откако почна да се врти името на Денко Малески како консензуален претседател, почнаа да излегуваат и други имиња за можен иден претседател на земјата. Меѓу нив се Теута Арифи, Стево Пендаровски и Трајко Славевски.
Дали премиерот Зоран Заев има конкретен предлог за претседател, или дали почнал разговори со лидерите на политичките партии за ова прашање? На прашање од ТВ21, Заев рече дека “за ова нема да разговара со никого се додека Собранието не ја заврши постапката за уставните измени“.
Доколку премиерот Зоран Заев се уште нема конкретно име за консензуален претседател, граѓаните имаат свое мислење. Во видеото погоре погледнете што велат.
По десет години на чело на државата, во април следната година, на претседателот Иванов му истекува мандатот. Новиот претседател се очекува да биде фигура за која ќе бидат согласни сите парламентарни партии во земјава, меѓутоа ниедна до сега нема излезено со конкретен предлог, а тоа се чини дека нема да се случи пред уставните измени.
Репортер: Бесир Арифи
