Македонија

Прегазен велосипедист во Прилеп

Прегазен велосипедист во Прилеп

Вчера околу 18.00 часот на крстосница од улиците „Јоска Јорданоски”, кеј „1-ви Мај” и „Бранко Секулоски Белата” во Прилеп се случила несреќа.

 

МВР информира дека патничко моторно возило „фолксваген” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(38) од Прилеп, удрило во велосипед управуван од К.С.(53) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.С., констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид извршила екипа на ОВР Прилеп, соопшти МВР.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни