Македонија

Преговори за една изборна единица и укинување на прижинската Влада

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги почнува преговорите со помалите парламентарни партии околу измените во изборниот законик. По денешните средби со Демократскиот сојуз и ВМРО-Народна најголемата опозициска партија вели дека процесот треба да почна да тече во Собранието.

Од владејачката СДСМ пак велат лицемерен е овој предлог на ВМРО ДПМНЕ за една изборна единица и дека кога тие го предлагале тоа токму најголемата опозициска партија била против а сега велат  ја манипулираат јавноста но и помалите политички партии. 

Артан Груби од ДУИ, прв заменик-премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, рече дека измените на Изборниот законик и измените на Уставот мора да се направат со консензус и овие предлози да се стават на маса на политичките партии, а не во медиумите – ако сакаме да бидат успешни.

Во меѓувреме, опозицијата до Собранието ги достави и измените со кои треба да се укине пржинската Влада. Предлогот законот да се носи по скратена постапка ќе се најде пред пратениците на идната седница закажана за 10 февруари, а најголемиот дел од пратенички групи даваат поддршка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни