Македонија

Прекината семејна веселба, приведен сопственик на угостителски објект

На 04.11.2020 во 17.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода М.И.(32) од с.Добридол, гостиварско, сопственик на угостителски објект во село Добридол, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување
според здраствените прописи за време на епидемија“.

По претходна пријава, полициски службеници и инспектор од Државниот пазарен инспекторат Гостивар извршиле контрола во угостителскиот објект, кој од претходно бил затворен од ДПИ – Гостивар, при што во објектот биле затекнати повеќе лица кои
присуствувале на семејна веселба.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни