AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Прекрасниот Хвар – најубав остров во Европа

Познатото списание „Конде наст травелер“ го прогласи хрватскиот Хвар е за најдобар и најубав остров во Европа.

По Хвар се наоѓаат грчките острови Миконос, Закинтос, португалска Мадеира и италијанска Искија.

Списанието вели дека Хвар е одлична дестинација преку целата година, особено поради топлите лета и благите зими, а се додава и добро познатата статистика за Хвар, односно дека се работи за најсончевиот остров во Хрватска, со повеќе од 2.800 сончеви часа годишно.

Со вкупна оценка од 96,56 од вкупни 100, Хвар е избран и за шести најдобар остров во светски рамки.

Списанието го нагласува и богатото историско наследство на Хвар, истакнувајќи ја Тврдината Фортика како споменик на културата кој мора да се посети, исто така се посочува и познатата жетва на лаванда на Хвар, која станува една од главните особености во летните месеци.

Хвар ја освои титулата најдобар европски остров и во 2019 година.