Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн денеска најави дека ќе се повлече од функцијата до 7 февруари, пренесоа светските агенции. Ардерн ја даде изненадувачката најава за време на нејзината прва прес-конференција за 2023 година.
„Да се биде премиер беше најголемата чест во мојот живот и сакам да им се заблагодарам на Новозеланѓаните за огромната привилегија да ја водам земјата во изминатите пет и пол години“, рече Ардерн низ солзи.
„Со таквата привилегирана улога доаѓа и одговорноста, вклучително и одговорноста да се знае кога сте вистинската личност да водите, а исто така и кога не сте“, рече Ардерн (42).
Избрана за премиер во 2017 година, на 37-годишна возраст, Ардерн е една од најмладите жени на чело на влада во светот и само втора која станала мајка додека сè уште е на функцијата, забележа ДПА.
Нејзината оставка ќе стапи на сила по назначувањето на нов премиер.
Гласањето за избор на нов лидер на Лабуристичката партија ќе се одржи во недела.
Денеска и Џасинда Ардерн најави дека парламентарните избори ќе се одржат на 14 октомври.