Поврзи се

Македонија

Премиерот бара разрешување, Царовска молчи, Мизрахи вели не добила буџет од Владата за промена на таблата

Published

on

Разрешување на техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи на првата седница на собранието. Вако варање испратил премиерот Оливер Спасовски откао таа одби да го користи новото уставно име на нејзините прес конференции и да ја промени таблата. Спасовски вели иднината на државата е поважна отколку партиските интереси.

-Текстот продолжува по рекламата-

„Со се можеме да имаме компромис за се може да разговараме, меѓутоа за почитување на уставот и законот нема компромис. Јас и затоа донесов одлука и разговарав вчера. Мислам дека одговорноста треба да ја имаме пред граѓаните пред државата и пред иднината на државата. Ако некој смета ситно партиски и политички интереси се поважни за иднината на ова држава се лаже многу“, вели Спасовски.

За ТВ21 Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи изјави дека имала средба со директорот на Агенцијата за употреба на јазиците и од таму ја информирале дека самата поранешна министерка Мила Царовска не ја сменила таблата. И Села ја потврди информацијата велејќи дека го испратиле до министерството прашалникот и истиот е вратен дека нема потреба од табли затоа што се сменети. Царовска не одговара на повиците од ТВ21 за да се изјасни зошто не ја сменила таблата во кабинетот каде се одржуваат пресконференциите.
Илбер Села се сретна со Мизрахи која се согласила дека ќе работи на решавање на досегашните грешки.

„Немам намера да се занимавам со менување на таблата, тоа требаше да го направи поранешната министерка Мила Царовска. Зошто таа не го направи? Не можам да распишам тендер за табла затоа што буџетот и планот со кој располагам нема предвидено менување на табла. Јас немам против албанскиот јазик. Голем број од пријателите ми се Албанци. Дотоку имам буџет во иднина грешките ќе бидат остранети“, изјави Мизрахи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека за ова има политички договор за кој треба да се почитува.

„Ниту е принципелно ниту пак е во согласност на законот на Влада, поготово сега 60 дена до денот на гласање за парламентарните избори. Јас би апелирал за разум и би апелирал за достоинство. Свесни се дека губат ја разбирам нивната нервоза. Знаат дека следи одговорост по 12 април.“, рече Мицкоски.

Фатмир Исаени од Инспекторатот за употреба на јазиците вели дека се уште нема вработени инспектори за да ги казнат институциите кои не го почитуваат законот за јазиците. Тој додава дека утре ќе се објави оглас за вработување. По деветмесечна обука, ќе излезат на терен за согледување на употребата на јазиците по институциите.

Инаку барањето за разрешување следува откако министерката Мизрахи неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“. Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Министерството кога ја презела функцијата. Поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции но пред таблата ставала банер.

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
4NEWS.mk

Борче Ристевски жали што си ја убил својата сопруга , а неговата ќерка Сара ќе го сака и кога ќе се врати дома

4NEWS.mk

Словенечките медиуми за распуштањето на Собранието и разрешувањето на Мизрахи

4NEWS.mk

МВР со детали за двојното убиство во казино во Скопје

Македонија

Талат Џафери: Моментот кога ми се јави Никола Тодоров да ме праша во која канцеларија е Зијадин Села, ми остави најголем впечаток

Македонија

ВИДЕО: Со 80 „За“ и 6 „Против“ изгласан законот за јавно обвинителство

Македонија

Џеват Адеми до ВМРО-ДПМНЕ: Најдовте не -Mакедонка, жена, да ви го брани името Македонија, мажите од ВМРО-ДПМНЕ се кријат

Македонија

Џафери за 27. април, за Вељановски, Мукоски… „Не служев на ВМРО-ДПМНЕ, но дали тоа го правеше СДСМ?“

Македонија

Дескоска до Милошоски: Тоа што го пуштивте пред некој ден не беше бомба, туку обична петарда

4NEWS.mk

Скопјанец уценувал малолетна прилепчанка дека ќе објави фотографии доколку не остварат средба

Македонија

Коалиционите партнери во војна – Костадинов го прозва случајот „Пациентот со Бујар Османи“

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com