Свет

Премиерот на Словачка Роберт Фицо вечерва е пуштен на домашно лекување

Премиерот на Словачка Роберт Фицо вечерва е пуштен на домашно лекување

Премиерот на Словачка Роберт Фицо вечерва е пуштен од болница и моментално е дома во Братислава, соопштија од болницата од Банска Бистрица каде Фицо е хоспитализиран по неуспешниот обид за атентат врз него.

„Премиерот моментално е на домашна нега“, објавија од Словачка Актуалити, болницата која во последните неколку дена редовно известува за здравствената состојба на премиерот.

Директорот на болницата рече дека Фицо е дисциплиниран пациент.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни