Свет

Премиерот на Украина смета дека е невозможно да ги исполни условите поставени од Путин

Премиерот на Украина смета дека е невозможно да ги исполни условите поставени од Путин

Исполнувањето на условите што ги најави рускиот претседател Владимир Путин за Украина е во спротивност со изборот на украинското општество, изјави премиерот на Украина Денис Шмигал.

Шмигал рече дека „за независна, суверена Украина“ и за него „како премиер“ исполнувањето на овие услови е „невозможно“, пренесе ТАСС, повикувајќи се на ICTV.

Украинската влада подготвува пакет санкции против Русија во врска со признавањето на ДПР и ЛПР од страна на Москва. Врховната Рада во среда „ќе го разгледа соодветниот пакет“. Тој не прецизираше какви санкции ќе бидат предложени.

Потсетиме, Путин рече дека за да се реши кризата околу Украина потребна е нејзина демилитаризација. Украина мора да се откаже од плановите за влез во НАТО. Покрај тоа, неопходно е да се признае обединувањето на Крим со Русија. Русија очекува и споровите за Донбас да се решат за време на разговорите меѓу Киев и ДПР и ЛПР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни