Македонија

Пренасочен сообраќај на патот Скопје – Блаце поради пожар

Пренасочен сообраќај на патот Скопје – Блаце поради пожар

Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – граничен премин Блаце е пренасочен во двата правци поради појава на пожар во близина на бензинската пумпа „Дизел“, спроти базата на компанијата „Гранит“.

Надлежните служби се на терен и работат на гаснење на огнот и обезбедување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Апелираат до возачите да ја следат поставената сигнализација и да возат внимателно.

Дополнителни информации за насоката и времетраењето на пренасочувањето се очекуваат наскоро.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни