Универзитетскиот и клинички центар во Љубљана објави фотографија од новородени бебиња донесени на светот од Милана Петровиќ од Бања Лука.
Тие во публикацијата истакнаа дека момчето Матеј е родено со 1.450, Лука 1.030, Марко 1.420 и Јован 1.280 грама.
Таткото Немања Петровиќ се заблагодари на тимот на УКЦ Љубљана.
– Беа многу љубезни и професионални уште од првите прегледи и продолжија до крајот на бременоста. Сакам да им се заблагодарам на сестрите на 4 кат кои од 28 ноември кога жената беше примена многу добро се грижеа за жената додека не се породи. На крајот, би сакал да им се заблагодарам на д-р Мирјам Друшковиќ и на д-р Горазд Кавшек и нивниот тим, кои имаа се под контрола од почеток до крај – рече Петровиќ.
За потсетување, Милана Петровиќ од Бања Лука родила четворки со царски рез, а породувањето се случило во Словенија каде живее овој млад брачен пар.
