Свет

„Престанете да убивате бебиња и жени во Газа“, му вели Макрон на Израел

„Престанете да убивате бебиња и жени во Газа“, му вели Макрон на Израел

Францускиот претседател  Емануел Макрон го повика Израел да престане со гранатирањето кое убива цивили во Појасот Газа.

„Ја споделуваме нивната болка (на Израелците) и нивната желба да се ослободат од тероризмот“, рече тој во интервју за Би-Би-Си. Сепак, тој нагласи дека „нема оправдување“ за бомбардирањата во кои убиваат цивили во Појасот Газа, особено мислејќи на „бебињата, жените и постарите лица“.

Запрашан за можно кршење на меѓународното право, Емануел Макрон рече дека тој не е судија, туку шеф на држава.

Запрашан дали би сакал другите водачи – вклучувајќи ги САД и ОК – да се приклучат на неговите повици за прекин на огнот, тој рече: „Се надевам дека ќе се приклучат“.

Макрон, исто така, нагласи дека Франција „недвосмислено ги осудува“ „терористичките“ акции на Хамас.

„Не гаѓаме цивили, но ако видиме припадник на Хамас, ги убиваме“, велат од израелската армија. „ИД не пука во цивили, но ако видиме терорист на Хамас, ќе го убиеме“, тврди израелската армија откако ги удри болниците во Газа.

Израелските војници „ќе ги убијат“ борците на Хамас кои „пукаат низ болниците“ во Газа, изјави денеска портпаролот на ИД.

„Ако видиме терористи на Хамас како пукаат низ болниците, ќе го направиме она што треба да го направиме (…) да ги убиеме“, им рече Ричард Хехт на новинарите.

„Би било полесно ако Хамас ги напушти болниците и ни го покаже тоа јасно“, додаде тој, обвинувајќи ја палестинската организација дека „оперира внатре во болниците“.

Хехт тврдеше дека израелската војска „ги презема сите можни мерки на претпазливост за да се осигура дека нема да ги напаѓа луѓето на кои им се дава серум или на кои им се лекуваат скршеници“, додаде тој.

ИД постојано тврдеше дека Хамас ги користи болниците и другите засолништа за да ги заштити воените инсталации и користи амбулантни возила за транспорт на борци, без да обезбеди никакви докази за тоа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни