Претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието.
Минимална температура: 9°C до 16°C, максимална температура: 15°C до 20°C.
До петок претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2 за 12 часа). Дневната температура значително ќе се намали. Од петок попладне ќе настапи стабилизација со постудени утра и пораст на дневната температура.