Претежно сончево – максималната температура до 17 степени

Претежно сончево, во утринските и претпладневните часови по одделни котлини со појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 17 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. По котлините во утринските и ноќните часови ќе има појава на магла. Во сабота облачноста ќе се зголемува, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

The post Претежно сончево – максималната температура до 17 степени appeared first on TV21.mk.