Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северозападен, а попладне од југозападен правец. Во вечерните и ноќните часови во западните подрачја ќе започнат врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност која попладне ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 6 степени.