Претпријатието кое стопанисува со стадионот го демантира Мурињо: Димензиите се согласно УЕФА, но направивме промена за атер

АД за изградба и стопанисување ги отфрла како неосновани тврдењата дека е направен пропуст во димензиите на рамката на еден од головите на Националната Арена  „Тодор Проески’’.

Се вчитува...

„Пред почетокот на овој натпревар, исто како и пред сите меѓународни натпревари делегат на УЕФА и судиите извршија проверка на целокупниот терен. По детално извршената проверка, од нивна страна беше потврдено  дека се задоволени условите за одржување на натпреварот. Димензиите на рамките на головите беа во рамки на УЕФА правилата, односно  делегатот на УЕФА и судиите констатираа дека се во рамки на дозволеното отстапување. По реакцијата на тренерот на Тотенхем, во интерес на натпреварот, висината на двата гола веднаш беше минимално корегирана“, посочуваат од таму.

Тие посочуваат дека на официјалната интернет страница на екипата на Тотенхем не само што немало какви било забелешки за условите за игра, туку сите објави биле во насока на пофалби за одличната организација на натпреварот и условите за игра.

Во изминатите 20 дена на Националната Арена „Тодор Проески’’ беа одиграни 5   меѓународни натпревари и сите ги поминаа  ригорозните инспекциски контроли на УЕФА.

АДСДП смета дека ваквите написи, без дополнителна проверка на фактите се единствено на штета на спортот  и спортските работници во државата, како и на максималните напори  кои ги вложува раководството на АДСДП во одржувањето  на Националната Арена „Тодор Проески’’ според сите светски стандарди.

.

Извор: ТВ21