Македонија

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведен дилер

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведен дилер

На 11.07.2024 во 10.25 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар и од Полициското одделение Чегране лишен е од слобода А.Н.(54) од с.Чајле.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени се марихуана и хашиш, спакувани за понатамошна продажба.

По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, велат од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни