Свет

Претседателот на Јужна Кореја прогласи национална жалост

Претседателот на Јужна Кореја прогласи национална жалост

Светските лидери изразија сочувство за многубројните жртви по стампедото за време на прославата на Ноќта на вештерките во главниот град на Јужна Кореја, пренесоа светските агенции.

https://twitter.com/MediaWarriorY/status/1586380760860151809?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1586380760860151809%7Ctwgr%5E952c86fd5fc0c73f715b47bc1650fd245eed884f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fbtvnovinite.bg%2Fsvetut%2Fprezidentat-na-juzhna-koreja-objavi-nacionalen-traur.html

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол прогласи национална жалост и рече дека е вистинска несреќа што се случила ваква катастрофа во срцето на Сеул, објави новинската агенција Јонхап.

Американскиот претседател Џо Бајден изрази длабоко сочувство и рече дека тој и неговата сопруга тагуваат со корејскиот народ.

Сочувство изрази и германскиот канцелар Олаф Шолц“.

Тоа е тажен ден за Јужна Кореја“, напиша тој на Твитер.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека е шокиран од бројот на жртвите и изрази длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите. Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола рече дека семејствата и пријателите на жртвите, како и повредените, ќе бидат во нејзините мисли.

Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека е „длабоко тажен“ од трагедијата во Сеул.

„Во име на сите Канаѓани, испраќам најдлабоко сочувство до народот на Јужна Кореја по смртоносното стампедо во Сеул“, напиша канадскиот премиер Џастин Трудо на Твитер.

„Нашите мисли се со службите за итни случаи и со сите Јужнокорејци во овој многу тежок момент“, рече британскиот премиер Риши Сунак.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни