Претседателот на Собранието на Албанија Грамоз Ручи во посета на Македонија

Претседателот на Собранието на Република Албанија Грамоз Ручи, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Ручи најпрво ќе се сретне со неговиот колега, претседателот на Собранието на Репблука Македонија Талат Џафери, а потоа ќе оствари средба и со Премиерот Зоран Заев. Во 15:00 часот, Ручи ќе оствари средба и со претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

Се вчитува...

За крај на работниот ден Ручи ќе оствари средба со лидерите на политичките партии, односно ќе се сретне со Али Ахмети, Билал Касами, Зијадин Села, Мендух Тачи и Африм Гаши.

Утре претседателот на албанското Собрание ќе оствари средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Извор: ТВ21