Свет

Претседателот на турскиот парламент ја иницираше номинацијата на Ердоган за Нобеловата награда за мир

Претседателот на турскиот парламент ја иницираше номинацијата на Ердоган за Нобеловата награда за мир

Претседателот на турскиот парламент, Мустафа Шентоп, изјави дека иницирал номинација на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за Нобеловата награда за мир, забележува Anadolu Agency.

Според него, турскиот лидер е номиниран за оваа почесна награда „за неговиот придонес во напорите за воспоставување мир меѓу Русија и Украина“.

Слични повици ќе имаат и претседатели на парламенти и пратеници од други земји, рече Шентоп.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни