ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц. (22) од дебарско село поради сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Според полицијата, на 13 август годинава пријавениот воспоставил вонбрачна заедница со малолетничка од дебарско, откако ја зел со автомобил во близина на нејзиниот дом.
По преземени мерки, полициски службеници и тим од Центарот за социјални работи извршиле службени разговори во присуство на член од семејството на малолетничката. С.Ц. бил лишен од слобода.