Природно средство за чистење – запишете го рецептот за овој домашен спреј!

Доколку преферирате природни варијанти, ќе го обожавате овој спреј. Тоа е подеднакво ефикасно кога станува збор за одмастување, исто како и купечкото, со таа разлика што не содржи капка хемија.

Нема најмал ризик да ги оштетите површините што ги чистите или кожата на вашите раце.

Ние многу добро знаеме колку е тешко да се отстрани нечистотијата од кујнските елементи, и со овој домашен лек, маснотиите исчезнуваат.

Се што ќе ви треба за да го подготвите се овие 4 состојки:

  • Чаша бел оцет
  • Чаша вода
  • Лажичка течност за миење садови
  • Четири капки есенцијално масло од лимон

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во шише со прскање и прво испрскајте малку од оваа смеса на помала површина, за да ја видите реакцијата. Потоа, испрскајте го овој спреј на површините и исчистете ги со крпа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното