Свет

Пристигна првата реакција на Трамп на ужасниот руски напад врз Киев

Пристигна првата реакција на Трамп на ужасниот руски напад врз Киев

Портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Каролина Ливит, во своето воведно обраќање на прес-конференцијата во Белата куќа не го спомена рускиот напад врз Киев во кој загинаа најмалку 19 лица, меѓу кои и четири деца. Во нападот беа погодени и канцелариите на мисијата на ЕУ и на Британскиот совет во украинскиот главен град.

На прашањето од новинарите како Белата куќа гледа на нападот и дали го смета Владимир Путин за пречка за мир, Ливит одговори дека Трамп „не е среќен, но не е ни изненаден“.

„Ова се две земји кои се во војна многу долго време. Русија го изврши овој напад врз Киев, а Украина неодамна нападна и руски рафинерии за нафта“, рече Ливит.

Таа потсети на претходните изјави на Трамп дека сака војната да заврши, но дека „лидерите на двете земји мора да сакаат истото“. Додаде: „Можеби двете страни од оваа војна сè уште не се подготвени да ја завршат“.

Да ве потсетиме дека синоќа Русија изврши еден од најголемите напади врз Киев од почетокот на целосната инвазија, лансирајќи речиси 600 беспилотни летала и 31 ракета.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни