Македонија

Приватните превозници и денеска не сообраќаат на дел од линиите во Скопје

Приватните превозници и денеска не сообраќаат на дел од линиите во Скопје

И денеска дел од превозниците на „Слобода превоз“ не возеа на линиите. Дел од скопјани не го криеја незадоволството дека зачестиле проблемите со јавниот превоз. Некои, пак, велат дека не го чувствуваат недостатокот на автобуси.

Приватните превозници не можат да возат бидејќи немаат финансиски средства за гориво и најверојатно процесот на исклучување и на други превозници ќе следи во наредните денови велат од „Слобода превоз“. Доколку и понатаму нема разбирање и не се реши проблемот, најавуваат протести.

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ ги отфрла обвинувањата за политизирање, вели политика може да се бара на друго место, но не и тука. Додава и дека денеска во „Слобода превоз“ дошла инспекција од Град Скопје, а според него тоа е вршење на притисок.

„Слобода превоз“ има побарувања од околу 1 милион евра, поради што доцнат платите на сопствениците на автобусите. Градоначалничката Арсовска ги посоветува доколку планираат да протестираат, тоа да го сторат пред седиштата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, бидејќи како што кажа тие се одговорни за настанатиот долг.

Ана Јосифоска Тодоровска

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни