На 28.11.2026 во 16:35 часот во Клиничкиот центар Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Џ.А.(30) од Тетово.
Претходно, неговата 25-годишна вонбрачна сопруга од тетовско пријавила дека околу 14:00 часот физички ја нападнал додека се возеле во патничко возило, како и дека во изминатиот период физички и психички ја малтретирал и ѝ ја ограничувал слободата на движење.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.