Македонија

Приведен бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор над десет години

Денеска (10.08.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во населба Шуто Оризари во Скопје го лишиле од слобода Н.И. (28) од Скопје, кој бил баран со

потерница од КПУ Идризово -Скопје, за доиздржување на затворска казна.

Тој бил осуден по чл.236 од КЗ на РСМ на казна затвор во траење од 10 години и 9 месеци, а за доиздржување имал 5 години и 11месеци.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни