Македонија

Приведен дилер во Скопје, пронајдени околу три килограми марихуана

Приведен дилер во Скопје, пронајдени околу три килограми марихуана

Денеска (08.11.2022) околу 10.50 часот на бул. „Борис Трајковски” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.В.(22) од Скопје. При преглед во неговата торба биле пронајдени околу три килограми марихуана. Пред да биде лишен од слобода тој се обидел да избега, но набргу бил фатен и приведен.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни