Македонија

Приведен сопстеник на угостителски објект во Тетово – работел по 21 часот

Вчера околу 21.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.И.(33) од Тетово затоа што неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетовоработел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот.

Ф.И. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, појаснуваат од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни