Македонија

Приведен водич од Косово во автобус: Ставил 50 евра во пасошот!

Приведен водич од Косово во автобус: Ставил 50 евра во пасошот!

Денеска во 6:30 часот на подрачје на СВР-Куманово – ОВР-Крива Паланка, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, сопрен е автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки.

Од извршената контрола, констатирано е дека автобусот е управуван од страна на Х.У., државјанин на Република Турција.

Од страна на Н.Ц., косовски државјанин, кој бил во улога на водич во автобусот, приложена била патна исправа за идентификација во која имало банкнота од 50 евра.

Н.Ц. е лишен од слобода по член 358 став 1 од Кривичниот законик „давање поткуп“ и е спроведен во Полициска станица – Крива Паланка – појаснија од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни