На 26.04.2026 во 04:50 часот во СВР Куманово 49- годишен маж од Куманово пријави дека бил физички нападнат од неговата сопруга А.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.04.2026 во 23:30 часот, 70-годишна жена од тетовско во полициска станица пријави дека била физички нападната од нејзината снаа З.И. (37). Во 00:15 часот, З.И. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошна постапка.
На 25.04.2026 во 16:55 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 37-годишен неготинец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот и се заканувал на неговата 35-годишна сопруга со остар предмет. По преземени мерки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,23 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.04.2026 во 04:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.С.(43) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна сопруга дека во семејниот дом во скопско, физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 25.04.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од скопско пријави дека подолг временски период, нејзиниот поранешен сопруг и неговата сестра, ја следат и снимаат со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.04.2026 во 00:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.В.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна мајка дека околу 22:30 часот во семејниот дом, агресивно се однесувал кон неа и нејзиниот 53-годишен сопруг, искршил дел од покуќнината и физички ги нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
