Македонија

Приведено лице осомничено за двете убиства во Ѓорче Петров

Приведено лице осомничено за двете убиства во Ѓорче Петров

Едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и се наоѓа во Полициската станица Карпош, неофицијално дознава 4NEWS.

Засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за приведувањето, ниту информации за околностите под кои лицето било лишено од слобода и за основите на сомнежот.

Од надлежните институции се очекуваат повеќе детали за текот на истрагата, како и појаснување дали е утврдена поврзаност меѓу двата случаи.

Поврзана објаваДва смртни случаи со траги од насилство за пет дена во Скопје, засега нема потврдена поврзаност

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни