Македонија

Привремено ограничување на делница од патот Штип – Радовиш, еве кога ќе важи!

Привремено ограничување на делница од патот Штип – Радовиш, еве кога ќе важи!

Возачите кои во вторник ќе патуваат на релација Штип – Радовиш треба да сметаат на привремена промена во режимот на сообраќај. Министерството за внатрешни работи информира дека ќе биде воведено изменето одвивање на сообраќајот на експресниот пат А4 поради изведување технички активности.

Променетиот режим ќе важи утре, во периодот од 05:00 до 09:00 часот, на потегот од клучката Софилари до клучката Долани.

Во овој временски интервал, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај – Штип ќе вршат регулирање и пренасочување на возилата по регионалниот пат Р1204 Штип – Радовиш.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите на униформираните полициски службеници, како и поставената сообраќајна сигнализација.

Надлежните потсетуваат дека внимателното и одговорно однесување на возачите е клучно за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот за време на изменетиот режим.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни