Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој беше осомничен во случајот „Империја“ кој се однесува за перење пари, е осуден на три години ефективен затвор.
Тој денеска признал вина во спогодба со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, објави СДК.мк.
Според порталот, деновиве од судија за извршување на санкции треба да му даде упатен акт за во затвор, а на Мијалков му се конфискува недвижен имот од околу 30 милиони евра во корист на државата.
На Мијалков ќе му се конфискуваат и шест милиони евра готовина.