Македонија

Проблемите на Шипковица во „Клик плус одаја“ – Чичко Мехди: „Немам веќе што да изгубам“

„Клик Плус Одаја“ вчера беше во тетовска Шипковица. Жителите велат дека оштетата од поплавите кои се случија во 2015 година, каде животот го загубија 5 лица, не е распределена како што треба. Чичко Мехди беше најоштетен. Материјалните штети не ги спомнува, но животот на неговите двајца внуци никој не може да го надомести. Вели дека иако поминале 4 години, траумите од таа ноќ ги имаа секогаш кога почнува да врне дожд. До институциите има само една молба.

„Барам од Владата, и тогаш кажав да го средат коритото на реката. Ако не, тогаш нека не преселат од тоа место, нека не не земаат на душа, јас веќе кого да изгубам во поплави“, вели Мехди.

Жителите се жалат дека обештетувањето од поплавите не е распределена како што треба.

„Од ’90 години, до сега 2019, ниту една шајка не е ставена, ништо. Мене лично 12 илјади метри квадратни ми беа уништени во поплавите. Од друга страна, на некој на кого само две капки им паднале во куќата, им е платена оштета и кога ќе помислиш, ништо не е направено во село после сета направена штета“.

Тогашниот министер за животна средина, Садула Дураку, телефонски, изјави дека како тогашен министер издвоил 5 милион денари за општина Тетово. Сепак, додава дека општината не ги искористила сретствата и истите се вратени во државниот буџет.

„За прашањето за проблемот на Шипковица, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, аплицираше со проект во Министерство за животна средина, при што ние издвоивме 5 милиони денари, но тие средства општината не можела да ги реализира, а зошто не, не знам.“, рече Дураку.

Освен проблемите со поплавите и не средувањето на коритото на реката, жителите на Шипковица се жалаат за егзодусот на младите. Еден од жителите рече дека пред неколку години, една паралелка во основното училиште имало по 25-30 ученици, а сега имаат по 12. Екипата на ТВ21 неколку пати во текот на емисијата се обиде да стапи во контакт со градоначалничката на Тетово Теута Арифи, но таа беше недостапна за да одговори за проблемите на жителите од Шипковица.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни