Македонија

Продолжува хуманоста за Кочани: Пристигнаа 4.070 специјализирани медицински лепенки за повредените од Словенија

Продолжува хуманоста за Кочани: Пристигнаа 4.070 специјализирани медицински лепенки за повредените од Словенија

Граѓанската иницијатива Support Kocani информира дека во Кочани пристигна значајна пратка хуманитарна помош – вкупно 407 кутии со Atrauman Silicone лепенки, или 4.070 поединечни парчиња, наменети за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожата.

Секоја кутија содржи по 10 силиконски лепенки, кои се користат во професионалната медицинска нега на тешки повреди. Помошта претставува донација од македонски иселеници и хумани компании што живеат и работат во Словенија, кои се приклучија на иницијативата за поддршка на повредените од трагичниот настан во градот.

Лепенките наскоро ќе бидат официјално предадени на Општата болница во Кочани, во соработка со здравствените служби и согласно потребите на пациентите.

Од Support Kocani најавуваат дека ова не е последната пратка – во наредниот период се очекува дополнителна медицинска помош од други земји, меѓу кои Австралија и Данска, каде македонски иселеници и пријатели на Кочани активно се мобилизираат за поддршка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни